Хасан Османчевиќ, претприемач од Сански Мост, овозможи петдневно летување на море за триесетина деца од сиромашни семејства.
Станува збор за сопственик на апартмани во хрватскиот град Водице кој оваа година одлучи многу добрите и одличните ученици, чиишто родители не можат да си дозволат да им платат одмор, да ги пречека и да им овозможи петдневен одмор по завршувањето на школската година.
“За жал, живееме во општество со големи социјални пазлики и одењето на море за голем број родители и деца е нево3можна мисија. Затоа решив да го преземам овој чекор и да ги нагпадам учениците со добро поведение и многу добри и одлични оценки“ вели Османчевиќ.
Медиумите во Босна и Херцеговина објавија дека во акцијата се вклучила и компанијата “Маспромет“ која обезбедила бецплатен превоз за децата кои пред два дена тргнаа на море.