Сопственикот на компанијата „McAfee“ која што се занимава со безбедносна заштита на оперативните системи, Џон Мекафи (74) е еден од највлијателните луѓе во Велика Британија.
Проблематичниот милионер на социјалната мрежа Твитер ја објавил својата авантура, па дури и модриците кои што ги добива во текот на некои физички пресметки.
Иако неговата компанија прави програми за заштита од компјутерски вируси, Мекафи не верува во коронавирусот.
Мекафи во последниве неколку месеци и покрај пандемијата често патува низ светот со својот приватен авион.
Милионерот бил уапсен во Норвешка затоа што наместо заштитна маска, на своето лице носел танга од својата сопруга.
„Тоа е најдобрата заштита. Луѓе, маската штити од бактерии не од вирус“ – напишал милионерот на Твитер.
Веднаш по апсењето, се огласила неговата сопруга Џенис зборуваше и им порачала на неговите следбеници на Твитер дека таа „ќе ја води неговиот налог а сè додека не побегне (вообичаен метод), да поткупи некого (многу брзо – би можел да излезе за неколку часа), да најде соодветен адвокат (тој би можело да потрае неколку дена) или да стане управител на затворот, во тој случај ќе мора да го избркаме“.
„Неговата танга-маска не рециклира јаглерод диоксид како обичните маски. Маските ги запираат бактериите. Не вирусите, луѓе“, навела Џенис и објаснила дека и таа исто така одбила да стави маска врз својата „танга-маска“, но дека норвешките власти само ја привеле, а не ја уапсиле.