„Тежок мамурлак“ е чувството по вакцинацијата на волонтерите кои ја примиле вакцината на „Фајзер“.
Повеќе од 43.500 луѓе од шест земји учествуваат во испитувањето на вакцината на „Фајзер“, а „Дејли меил“ објави дека волонтерите изјавиле дека чувството по примањето на оваа вакцина е многу слично на чувството по приемот на вакцината против грип.
-Чувството на „ тежок мамурлак“ придружено со главоболка, треска и болка во мускулите, но овие несакани ефекти брзо се губат – изјавил 44-годишниот волонтер Глен Дешиелдс.
Инаку, веста за ефективна вакцина против коронавирус од 90 проценти беше оценета како историска. „Фајзер“ и „Бајонтек“ објавија дека заеднички развиле вакцина против коронавирус која е ефикасна 90 проценти, нема сериозни несакани ефекти и доколку се’ оди според планот, првите дози би можеле да се дадат до крајот на годината. Има уште неколку чекори до тоа, но резултатите досега се доста оптимистички.
Вакцината, развиена од Фајзер и Бајонтек, користи целосно експериментален пристап кој вклучува инјектирање на дел од генетскиот код на вирусот или РНК, со цел зајакнување на имунитетниот систем.
Претходните студии покажаа дека вакцината го обучува телото да создава антитела и Т-клетки за борба против коронавирусот.