Персоналниот тренер Софи Ен влегла во продавница облечена во хеланки кои го оцртуваат нејзиниот задник и краткиот горен дел, а поради таа облека била критикувана.
„Онаа кога те мразат затоа што влегуваш во продавница со маица“, напишала таа покрај видеото што го објави на TikTok, кое за кратко време стана вирално. Сепак, бројни коментатори под видеото беа подеднакво критични за нејзиниот избор на облека.
„На крајот на краиштата, тоа не е маица, тоа е спортски градник. Тоа е како маж да се шета низ продавница во гаќи и потоа да напише „те мразат затоа што носиш само гаќи во продавница“, напишал еден коментатор.
„Можеби затоа што се однесувате како јавниот простор да е приватен простор. Почитувајте ги луѓето надвор, не се врти се` околу вас“, додаде друг.