Џејк и Џенифер работеа заедно на комедијата „The Good Girl“ во 2002 година. За време на гостувањето во шоуто на Хауард Стерн, актерот се потсети на интимните сцени од тој филм.
“Тоа беше тортура, но тоа не беше навистина мачење. Мислам, тоа беше мешавина”, рече тој, објаснувајќи дека бил заљубен во Џенифер, што му го отежнувало снимањето.
„Чудно е. Љубовните сцени се чудни затоа што те гледаат 30, 50 луѓе. Тоа не ме пали“, додаде тој. На водителот му откри дека Џенифер предложила да користат перница додека ги вежбале сцените за да им биде поудобно и опуштено.
“Тоа беше нејзиниот предлог. Беше многу љубезна да го предложи пред да почнеме да снимаме. Таа рече: Ќе ставам перница овде”, раскажува Џејк.