“ТИ СИ НАЈГОЛЕМА СРЕЌА ВО МОЈОТ ЖИВОТ“: Горан Пандев му го честиташе роденденот на синот Филипо (ФОТО)

by Тони Зографски

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, преку социјалните мрежи му го честиташе 11-тиот роденден на синот Филипо.

„Ти си најголемата среќа во мојот живот. Времето брзо лета. Единаесет убави години, со срце исполнето. Колку само емоции ми даваш. Се надевам дека секогаш ќе ти бидам добар татко, но и пријател. Среќен роденден љубов моја, со сета љубов на светот“, напиша Пандев.

Инаку, Горан Пандев и сопругата Надица освен синот Филипо ги имаат и ќерките Ана и Софија.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com