Ана од Кавадарци е девојката која прва јавно се обрати до јавноста откако нејзини слики беа злоупотребени во Јавна соба. Ана има 28 години и јавно реши да бара правда, а воедно и да ги охраби сите девојки кои се наоѓаат во слична ситуација, да не молчат, туку да се борат за своите права.
Ана уште еднаш се обрати јавно на својот Инстаграм профил, охрабрувајќи ги сите девојки.
-Имаш право да живееш како сакаш.Имаш право да знаеш дека не си сама. Имаш право на поддршка. Имаш право на разбирање. Имаш право на заштита. Да те слушнат и да ти веруваат,да те разберат и да ти помогнат. Затварањето во себе не е решение, молчењето не решава ништо. Имаш право да ја раскажеш твојата приказна, да помогнеш на себе и така да помогнеш и на другите. Твојата приказна е важна, ТИ си важна ! НЕ СИ САМА !!