Поранешната сопруга на досегашниот директор на ЕСм, Васко Ковачевски, реагира за негоивата изјава дека заминува од чело на компанијата за да му се посветел на семејството.
Таа го обвинува Ковачевски, дека тој одамна го напуштил и го запоставувал семејството и му порачува да не го искористува за невистинити изговори.
“На кое семејство ќе му се посвети???
На децата кои се возрасни и последните 15 години ги гледаше по 2 часа во неделата…
Официјално разведен на 6 март 2023 година…
Татко не можеш да се правиш на 27 и 21 годишна возраст, татко си цел живот…
Твоите лажни филмови рекламирај ги на друго место, а не по сите портали…
Ти одамна го напушти ова семејство…, реагира Мери Ковачевска Димовска.