Отец Пимен на својот Фејсбук профил се обрати по повод 117. години од смртта на македонскиот великан Гоце Делчев.
„Драг Гоце,
И после 117 години скоро сè е исто само со неколку мали измени во твоето разбирање на светот:
-полето не е веќе широко, туку е минско.
-натпреварот меѓу народите не е веќе културен, туку политички.
-се натпреваруваме во некултура, па мало ни е полето за сите простотилаци.
-комшиите толку многу нè сакаат што и во фашистички сојуз влегле на времето за да нè ослободат.
-Ти загина од турски куршум, ние ќе изгинеме без куршум. Ќе се изедеме меѓу себе за да им докажеме на комшиите дека не се во право.
–Ванчо Михајлов одамна го рехабилитиравме. Не ни сметаат неговите пробугарски ставови низ цел 20ти век, си најдовме нови кривци.
-кога ќе помисли човек дека битката со Короната е најтешка битка на човештвото денес, ќе се излаже. Ние се бориме плус со Каракачанов и Захариева во 21ви век, бидејќи тие се спремни и со Дарвин да се скараат. Остануваат на ставот дека човекот од мајмун постанал, а Македонецот од Бугарин.
-ти стана Че Гевара.
-ние треба да сме Куба…
И така ти велам се е исто само…
Или ти не го разбираше баш светот или ние не те разбираме.
Вечен ти спомен даскале!
Вади дневникот и пиши ни кецови. Ништо не сме научиле“, напиша отец Пимен на својот Фејсбук профил.