Пејачката Тијана Дапчевиќ се сети на бомбардирањето што започна на вчерашниот ден пред 22 години.
По тој повод таа на Инстаграм објави фотографија на која е ќелава, а во описот напиша:
– На денешен ден, во 1999 година, започна бомбардирањето, и од револт, од тага и неможност да му помогнам на моето семејство во Србија, ја исеков косата до глава … Вие само гледате на ТВ како некој фрла бомби на сите ваши И не можете да направите ништо. Да не се повтори – напиша Тијана покрај фотографијата.