Тито бил голем гурман, но имало едно јадење кое не го поднесува

by Тони Зографски

Словенецот Јоже Осели, последниот батлер и личен готвач на Јосип Броз Тито, откри детали за прехранбените навики на доживотниот југословенски претседател, за кого работел во резиденцијата на Брдо во близина на Крањ од 1972 година до неговата смрт на 4 мај во 1980 година.

Во својата книга „Титовите последни денови“, Осели напишал дека на Тито секој ден му се сервирале разни јадења со месо, со прилози и салати, а потоа тој избирал што ќе јаде тој ден.

Сепак, имало едно јадење што не можел ни да го замисли на својата чинија. Кога еднаш му биле сервирани полжави, неговата реакција била многу јасна. „О, не, навистина не можам да јадам полжави“, рекол Тито.

Оваа анегдота ја раскажа словенечки готвач кој, со сопругата Метка, бил задолжен за подготовка на храна и организирање приеми во резиденцијата на Тито седум и пол години. Благодарение на оваа работа, тој имал можност да готви и за бројни познати личности од светот на политиката и филмот.

Полжавите се сметаат за деликатес во многу делови од светот. Најпознати се во Франција, каде што се служат како предјадење, најчесто во сос од путер, лук и магдонос. Се консумираат и во делови од Азија, на пример во Виетнам, каде што се дел од традиционалната кујна.

останати вести