1. Токсично арогантни
Голема е разликата помеѓу самодовербата и ароганцијата. Самодовербата инспирира, додека ароганцијата заплашува. Арогантните луѓе секогаш знаат најдобро и мислат дека се супериорни од останатите. Тие никогаш нема да ја слават вашата самодоверба, бидејќи тоа ја уништува нивната ароганција.
2. Токсични жртви
Една од најопасните личности којашто може да ја имате во вашето опкружување е постојаната жртва. Тие ги согледуваат своите проблеми и грешки, но секогаш другите им се виновни. Затоа тие никогаш нема да ја преземат одговорноста над својот живот.
3. Токсични контролори
Оние кои контролираат секогаш знаат сѐ и секогаш го знаат најдобриот начин да се направи нешто. Најчесто, под површината, се многу несигурни, но се додека тие се во вашето опкружување, вашата идеја никогаш нема да биде прифатена, ниту ќе можете да направите нешто сами, без нив..
4. Токсично завидливи
Тие се љубоморни, никогаш не се среќни со она што го имаат и не се способни да бидат среќни кога убави работи ви се случуваат вам. Тие не знаат да го ценат напредокот на другите, и мислат ако нешто добро треба да се случи, тогаш би требало да им се случи на нив.
5. Токсични лажговци
Сѐ додека има луѓе, ќе има и такви коишто лажат. На хроничните лажговци никогаш не знаете кога да им верувате, па затоа не можете да се потпрете на нив. Ќе ви кажуваат лаги за другите, но и ќе ги лажат другите за вас.
6. Токсични негативци
Сигурно познавате некој кој е секогаш бесен, резигниран, сомничав. Времето што го поминувате со негативните луѓе само ја извлекува енергијата од вас.
7. Токсично алчни
До одредена точка желбите и амбициите може да бидат добри. Но, стануваат токсични, кога луѓето сакаат сѐ, и она што е нивно и она што не е. И побитно им е да имаат, отколку да работат или да постојат.
8. Токсични судии
Голема е разликата помеѓу тоа „да донесете суд за некого или нешто“ и да осудувате. Оние кои осудуваат сакаат да критикуваат, а своите осудувања ги донесуваат избрзано. Тие не знаат да сослушаат.
9. Токсични озборувачи
Озборувачите сакаат да се издигнат себеси над својата несигурност, на туѓа сметка, не правејќи разлика помеѓу шпекулација и факт.
10. Луѓе со токсичен карактер
Кога на некој му недостига интегритет и искреност, кога изневерува, лажe, манипулира, озборува, кога не дозволува ништо да му застане на патот, ништо нема да го спречи да ве прегази доколку вие му станете пречка.
Доколку познавате вакви луѓе, не чекајте го утрото за да ги отстраните од вашиот живот, но доколку веќе не можете да го сторите тоа целосно, барем потрудете се да ги држите на дистанца.