Виридијана Аревало (23), која била во осми месец од бременоста, била пронајдена мртва на улица во тексашкиот град Колонија откако исчезнала на 16 декември. Нејзиниот 19-годишен брат Едуардо Аревало, кој рекол дека Виридијана ја посрамотила нивната фамилија е обвинет за убиство со давење и обид на сокривање на доказите, пишуваат „Далас њуз“.
– Јас ја убив, јас ја убив – рекол тој на детективите, објаснувајќи дека сакал да ја заштити својата фамилија и нероденото дете од својата сестра.
Едуардо навел дека се расправале утрото на кобниот ден, по што тој и пристапил на сестра му од позади, додека таа седела на каучот и ја ставил раката околу нејзиниот врат, држејќи ја стегната се додека таа не престанала да дише. Потоа тој и ја замотал главата со изолир трака „бидејќи се плашел да не оживее“.
Едуардо телото на сестра му го ставил во автомобил и го фрлил во поле кај Вајрајт, 65 километри подалеку од Колонија, мислејќи дека таму никој нема да го пронајде. Тинејџерот на полицијата и рекол дека неговата сестра била „срамота за фамилијата“ и признал дека ја исценирал нејзината смрт за да изгледа како самоубиство, така што оставил порака за збогум која подоцна ја пронашле роднините.
Меѓутоа, Едуардо го земал телото на сестрата во неделата наутро и го фрлил на улица на километар од нејзината куќа.
– Сакав семејството да знае каде е Вири – објаснил Едуардо на полицијата.