Сингапурската полиција уапси 16-годишно момче откако во школскиот тоалет пронајден е мртво ученик на возраст од 13 години, покрај кој се наоѓала секира. Убиеното момче на телото имало повеќе повреди.
Според полицијата, службениците во понеделникот ја пронашле жртвата со повеќе рани, а болничарот на лице место го прогласил за мртот, пишува Си-ен-ен.
Инцидентот се случил во средно училиште
Полицијата покрај телото на момчето нашла секира. Инцидентот се случил во средното училиште „Ривер вали“, угледно училиште во западниот регион на Сингапур.
За убиството уапсен е 16-годишник, кој денеска ќе биде обвинет за убиство, стои во полицискиото соопштени.
Прелиминарните наоди од истрагата укажуваа на тоа дека тинејџерите не се позналаве, а мотивот за нападот не е познат.
Осомничениот денес беше изведен пред суд, а на товар му се става обвинение за убиство, што во Сингапур може да биде казнето со смртна казна. Сепак, бидејќи осомничениот е малолетен, ако се докаже дека е виновен, можно е да добие казна доживотен затвор.
Comments are closed.