Драматична снимка од одморалиштето на планината Мамут во Калифорнија покажува девојка која се лизнала од седиштето и успеала да се одржи додека не пристигнале спасувачите со заштитна мрежа.
Веднаш штом властите биле алармирани за опасноста, жичарницата била запрена, а се проценува дека шеснаесетгодишното девојче висело на височина од 10 метри.
Претставници на одморалиштето тврдат дека тинејџерката „не седела како што треба“ во моментот кога била стартувана жичарницата, па почнала да се лизга од столот.
Од друга страна, инцидентот предизвикал огорченост кај гостите кои сметаат дека операторите не се грижеле, пренесува Дејли Мејл.
„Пет наши работници и осум гости испружија мрежа која го ублажи падот на девојчето, но не го спречи. Таа е пренесена во болница, каде лекарите ќе ја проценат нејзината состојба“, изјавија претставниците на одморалиштето.
Еден гостин кој го снимил инцидентот тврди дека несреќната девојка не била фатена во мрежата.
„Ја испуштија, не успеаја да ја фатат, бидејќи ја убедија дека сѐ е во ред“, напиша таа на Инстаграм.