Снимки на кои се гледа како деца на возраст од 13-14 години ги кршат електричните тротинети кои од неодамна можат да се изнајмат во Скопје, објави телевизијата „Канал 5“
Непримерното однесување и уништувањето на тротинетите започна во првиот момент кога тие станаа достапни за скопјани, замислени како еколошко и практично средство за градски превоз.
Покрај уништувањето и вандализмот, граѓаните деновиве реагираа и за оставањето на тротинетите расфрлани насекаде – од велосипедски патеки и пешачки премини, до градилишта и приватни дворови.