Интернетот е полн со приказни – некои бизарни, други фасцинантни, а некои сомнителни. Затоа не е ни чудо што една млада TikToker-ка предизвика лавина од коментари кога откри дека „го изела сопственото ребро и парче човечко месо“.
Видеото на тиктокерката брзо „собра“ над 1,8 милиони прегледи, а девојката објасни дека го изела реброто и сопственото месо што хирурзите ѝ го извадиле за време на средношколските денови.
„Синдром на ретка крв“
Таа тврди дека страдала од „синдром на ретка крв“, а по операцијата побарала да ѝ го вратат реброто.
„Од некоја причина, се согласиле“, рекла таа, додавајќи дека ѝ донеле дел од реброто во епрувета, со уште малку месо, објавува Indy100.
Кога се вратила дома, сакала да го отстрани месото за да ја спаси коската, но на крајот ги сварила и ги пробала.
„Реброто има лош вкус“
„Изедов дел од моето месо и едно ребро“, рекла таа пред камерата, додавајќи дека вкусот бил „навистина лош“.
Корисниците на социјалните мрежи реагираа бурно во коментарите. Некои видоа можност за забава, додека други беа во шок и неверица.
„Сакам да ја отстранат оваа апликација, како што постојано ветуваат“, напиша едно лице, додека друго додаде: „Девојко… не е предоцна да се избрише ова“.