Водителот Пирс Морган ги коментираше настаните во британското кралско семејство, а пред се се осврна на нивните поранешни членови Меган и Хари, за кои повторно зборуваше со навредлив тон.
Тој ги нарече Меган и Хари „разгалени детишта кои го злоупотребуваат своето семејство“. Пирс потоа им се обрати на принцезите Ежени и Беатрис, фалејќи ги, откако ги запозна на забава во Лондон на почетокот на овој месец, и им понуди родителски совет.
„И двете принцези ги познавам уште како дете и минаа низ тешки периоди во центарот на вниманието на медиумите, особено во последно време поради срамното пријателство на нивниот татко принцот Ендру со милијардерот педофил Џефри Епштајн. Тие никогаш не се жалат, ниту даваат лелекави интервјуа, ниту јавно го клеветат своето семејство“, рече тој, додавајќи дека им рекол дека е благодарен за поддршката на нивната мајка, Сара Фергусон, војвотката од Јорк.
Да потсетиме, славниот британски водител поднесе оставка откако Хари и Меган дадоа ексклузивно интервју за Опра Винфри за лошите односи од кралското семејство.
Морган поднесе оставка откако војвотката од Саксонија, поради неговите коментари на сметка на неа и принцот Хари, поднесе официјална жалба до ITV преку неговиот адвокат.