Нивното потекло е обвиткано со мистерија. Кожата им е посветла од сите соседни народи, а нивниот јазик (Бурушаски) е повеќе сличен на баскискиот отколку на кој било друг кој ги опкружува.
На крајниот север од Пакистан, во планинската долина Хунза, лоциран во регионот Гилгит-Балтистан, живее народ до возраст од 120, 130 години. Некои од нив го прославиле и својот 145-ти роденден пред да заминат од овој свет. Точниот број на години е тешко да се утврди бидејќи Хунзите немаат изводи или докази за да ја поддржат нивната виталност, пренесува „Панкуфер“.
Во остатокот од Пакистан, очекуваното траење на животот е 67 години, но на покривот на светот, во изолираните пустини на Хималаите, владеат сосема различни закони за живот и смрт. Истражувачите забележале дека жените можат да забременат многу доцна, во шеесеттите години и подоцна, а исто така се верува дека не страдаат од рак. Научниците бараат објаснување во околината и храната.
Хунзите пијат вода од глечерите, сами одгледуваат храна и бидејќи се отсечени од околните градови, тие не јадат ништо преработено. Кајсиите често се наоѓаат на нивното мени, а за време на постот со денови, па дури и месеци, тие не јадат ништо друго освен свеж сок и супер здраво овошје. Месото не им е на менито секој ден, а доминираат житарки и зеленчук.
Тие вежбаат јога, вежби за дишење и медитација.
Се шпекулира дека тие се потомци на војниците на Александар Македонски кои не можеле да го следат, но решиле да останат на Хималаите.