ТИЕ СЕ БОГАТИ И НАЈУБАВИ БЛИЗНАЧКИ НА СВЕТОТ: Но, зошто цел свет ги сожалува? (ФОТО)

by Тони Зографски

Ава Мари и Леа Рус се родени во 2010 година, а многу кратко по раѓањето беа прогласени за најубави близначки на светот, а целиот свет знаеше за нив уште пред да проодат.
Од тој момент станаа „јавни личности“, на иницијатива на нивната мајка се впуштија во светот на манекенството, а потоа таа им отвори профил на Инстаграм. Така уште од мали нозе почнале да заработуваат големи суми.

This image has an empty alt attribute; its file name is najubavi-bliznacki-1-684x1024.jpg

 

„Луѓето навистина ми велеа: ‘Леле, тие се толку убави, треба навистина да размислите да ги вклучите во моделингот, а потоа и самата почнав да верувам дека тоа е добра идеја’“, изјавила нивната мајка Џеки Клементс.
Имаат и постар брат, а кога Џеки решила да се обиде да се занимава со манекенство, кога девојчињата имале околу 6 месеци, сфатила дека тоа не е изводливо, поради тешките обврски што ги наметнал тој живот, а кои влијаеле на целото нивно семејство.

Ava Marie and Leah Rose Clements - Photo Shoot November 2022 • CelebMafia

– Мојот прв обид траеше кратко и решив дека тоа не е вистинскиот момент – рекла Џеки и додала дека го чекала 7-миот роденден на девојчињата за да можат сами да донесат одлука дали сакаат да се занимаваат со манекенство.
– Им реков на моите ќерки, дека ако се спремни, можат, освен со танц и пливање, да се занимаваат и со манекенство – додала Џеки и открила дека близначките биле пресреќни од овој факт бидејќи обожаваат да позираат и да бидат во центарот на внимание.

This image has an empty alt attribute; its file name is najubavi-bliznacki-2.jpg

Од тој момент сè почнало да се случува со молскавична брзина. Животот на Клементови значително се променил. Прво Жаклин се јавила во агенцијата со која веќе работела кога децата биле мали и тие со задоволство ги прифатиле девојчињата. Потоа договорила професионален фотограф и креирала портфолио за девојчињата.

Таа отворила и профил на Инстаграм, а бидејќи девојчињата се навистина убави и одлично позираат, наскоро секоја втора фотографија била реклама, а тие две денес имаат близу 2 милиони следбеници.

Од друга страна, нивната мајка често наидува на многу негативни коментари, од тоа дека девојчињата изгледаат тажно, дека мајката го злоупотребува нивниот изглед за сопствен профит, до тоа што девојчињата немаат детство.
– Дали ги запознавте моите ќерки? Очигледно не сте, штом давате вакви коментари. Ја ценам вашата грижа, но моите девојчиња се добро! Тие се среќни. Имаат неверојатно детство, многу пријатели со кои си играат постојано. Една поза не ја дефинира нивната личност или квалитетот на животот, напишала оваа горда мајка.

Во меѓувреме и нивниот постар брат „потпишал“ договор со истата агенција и наскоро и самиот ќе влезе во манекенските води, а на прашањето зошто девојчињата на секоја слика се нашминкани, таа кратко одговорила дека модната индустрија тоа го бара од нив.

Ava Marie and Leah Rose Clements - Photo Shoot January 2023 • CelebMafia

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com