Бугарскиот портал „Афера“ открива дека бугарските служби го следат Камчев и знаат каде е, но официјалниот одговор од ДАНС (Државна агенција „Национална сигурност“ бил: „Немаме коментар“.
Сепак, порталот во продолжение открива каде е Орце Камчев. Тие велат дека тој се наоѓа на пристаниште во Варна, каде во одлична состојба одмара на една јахта.
Дополнително упатуваат дека би било добро бугарските служби да откријат дали таа е во сопственост на Орце Камчев или пак на неговата компанија Орка Холдинг.
„Афера“ оди и до тој степен што пишува: „Поубаво би било поморската управа да ја провери јахтата, односно нејзината сопственост и регуларност. Затоа што бугарските специјални служби повторно се прават дека се за, лимонада…“.
Судијка на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 му го вратила пасошот на осомничениот бизнисмен Орце Камчев, кој беше под мерки на безбедност во истрагата на СЈО „Империја“. Судот не даде одговор дали патната исправа на Камчев му е вратена времено или апсолутно.