Најновото истражување во Холандија покажува дека зголемувањето на концентрацијата на мали честички на еден микрограм на кубен метар воздух е поврзано со зголемување на заразувањето од Ковид – 19 и дека има фатален исход.
Високото ниво на загадување на воздухот може да го зголеми ризикот од потешки форми на заболување, дури и смрт, покажа неодамнешната студија направена во Холандија, но и претходните истражување на Светската здравствена организација.
Прво, д-р Марија Неира од СЗО изјави за БиБиСи, дека земјите со висок степен на загадување на воздухот треба да ги интензивираат подготовките за борба против короната, бидејќи тие можат да имаат пациенти со тешки форми на заболување. Потоа, во последните неколку дена, Светскиот економски форум објави информација за најновите истражувања во Холандија, кои откриваат поврзаност помеѓу нивото на загадување на воздухот и бројот на заболени од вирусот во таа земја.
Филип Радовиќ, директор на Агенцијата за заштита на животната средина, вели за Курир дека ако короната ги напаѓа респираторните органи, логиката наложува дека луѓето кои се оштетени од зголемен степен на загадување на воздухот се изложени на поголем ризик:
– Суспендирани честички, т.е. микрограми на метар кубен или ПМ честички, се доминантни загадувачи на воздухот и можат да имаат екстремно лоши ефекти врз здравјето на луѓето, доколку тие се во воздухот во поголеми количини од дозволените 50 микрограми.