Синот на Ребека Јанковска Ристески, Маркијан со најблиските го прослави 14-тиот роденден.
Маркијан славеше со браќата Доротеј и Макариј, а нагости им беше и мајката на Ребека.
„Те сакам таков каков што си. Среќен да си секогаш. Само тоа се важи. Најсакан и најубав наш. Среќен роденден, ѕвездичке наша“, напиша Ребека во пораката до својот син, кој боледува од ретката болест туберозна склероза.
Претседателката на здружението „Дајте ни крилја“ објави мал албум со фотографии од домашната прослава со балони и од тортата.