Холивудскиот глумец Мајкл Даглас на Инстаграм и честита на својата сопруга, актерката Кетрин Зета-Џонс, по повод 21-годишнината од бракот.
Мајкл објави видео во кое споделуваат фотографии со Кетрин, а снимката започнува со фотографии од нивната венчавка, која се одржа на 18 ноември 2000 година во хотелот Плаза во Њујорк.
„Среќна годишнина, драга моја Кетрин. Те сакам многу“, напишал тој покрај видеото, а бројните следбеници во коментарите им ја честитаа годишнината.
„Среќна годишнина најубав пар“, „Имаш проклето среќа Мајкл“, „Ти посакувам уште многу среќни години“, се само дел од коментарите.
Инаку, Даглас е 25 години постар од сопругата и до ден денес се еден од најстабилните парови во Холивуд. И покрај предрасудите, нивната љубовна приказна е исто толку силна како и на почетокот и станаа пример дека големата разлика во годините не е пречка за љубовта.
Даглас бил упорен и станал многу добар пријател со Зета-Џонс. Со часови разговарале на телефон бидејќи преполниот распоред не им дозволувал да бидат во исти градови. Подоцна тоа прераснало во романтична врска.
Судбоносното „да“ било изговорено во ноември 2000 година во хотелот Плаза во Њујорк. Таму ја прославиле и ја запечатиле својата љубов, но и основаа семејство. Зета-Џонс го роди нивното прво дете, момчето Дилан, три месеци порано. Во 2003 година, со раѓањето на нивната ќерка Керис, тие го завршиле семејниот портрет. Актерот од претходниот брак го има и синот Камерон.