Инфектологот Вело Марковски покажа дека е грижлив сопруг и на романтичен начин повторно и искажа љубов на својата сопруга Евгенија. Имено, Вело напиша песна посветена за својата љубов насловена како “Те Сакам“ и истата е објавена на Јутјуб, а тој самиот ја сподели на својот профил на Фејсбук.
„Ако имав доволно фантазија, ако бев уметник со префинет вкус или зограф како моите предци, ако верував на логиката, ако бев Бог што создава. Или поет со продорни мисли ќе те замислев баш тебе.
Ако имав доволно ум и храброст што се граничи со лу дило. Ако верував премногу во себе. Ако ги избришев сите слабости и сите претходни фрустрации.
Ако секој миг те посакував и желбата силно ја праќав во Универзумот, ќе посакав ти да ме сакаш. Среќа, награда или судбина, не ми е важно што е, ама убаво ми е да слушам како опише.
Сакам кога ми пееш, најубава си кога се смееш, учиш бељот и тенис. Само да бидеш поблиску домене. За тебе сум најдобриот пејач, подобар тенисер од Ѓоковиќ.
Шах играм подобро од Корчној и секако идниот нобеловец. Умнице моја, еј мило. Понекогаш само Евгенија. Понекогаш „лошата моја, или она погрдото кога ме победуваш.
Нефертита или само ангелче. Убави ти се сите имиња. Сепак најубавото од сите тие – на Павле мајката.
Автор, Дрм, кој е многу верен и кој мисли затоа што три пати спиел во малото на Рацин, смее да пишува песни.“
Инаку, Вело Марковски е во втор брак со многу помладата Евгенија Николовска – Марковска. Атрактивната Евгенија е поранешна манекенка и мисица, некогашна членка на модното студио „Шанел“ од Битола со кое има учествувано на многу модни ревии, а освоено и повеќе титули на разните избори за убавина. Откако младата убавица и професорот нивната љубов ја крунисаа со брак, набргу го добиваат и нивното синче, а Евгенија покрај дипломирањето се стекнала и со титулата магистер. Двојката пред десетина дена доби и ќерка.