Младиот актер од Театар Комедија, Жарко Димоски ја побара за жена својата девојка Андреа Јосифова. Жарко на својот Фејсбук профил објави љубовна порака и откри дека на Андреа ѝ подготвил изненадување на нејзиниот роденден.
„ЈАС: Те видов и се заљубив, мајко на моето потомство, вонземска убавино, жено со небо во очите свои, ме опи, ме запоседна, знаев дека ти си таа, вистинската, испратена од Бог за мене. Вечно ќе сме заедно, до последен здив. На овој посебен ден, твојот роденден, кога ти одамна првпат гласот свој го крена, те прашувам дали сакаш да ми бидеш жена? ТАА: Да!“, напиша Жарко.
Инаку, Жарко и Андреа која по потекло е од Кавадарци претходно беа во врска околу две години.