Тејлор Свифт и Тревис Келче конечно заминаа на романтичен одмор.
Моментално најпопуларниот пар на планетата ужива на Бахамите, пренесе Њујорк Пост.
Не им пречеле папараците кои постојано ги снимале додека се капеле, се сончале и разменувале нежности, а фотографиите го обиколија светот.
Да потсетиме, нивната љубовна приказна на јавноста ѝ стана позната во ноември минатата година, а во пресрет на Суперболот се шпекулираше, па дури и се обложуваше дека играчот на Канзас Сити Чифс токму тогаш ќе ја запроси најголемата поп ѕвезда. Тоа не се случи, но нивната љубов се чини дека цвета.