Две години по отварањето на истрагата против некогаш најмоќниот хрватски бизнсмен Ивица Тодориќ и газда на “Агрокор“ сеуште нема никакво обвинение, а на истрагата против него обвинителството потроши дури три милиони куни.
На прашањето како живее некогаш најбогатиот човек на Балканот, Ивица Тодориќ за РТЛ одоговара, тешко, ама весело.
-Нѝ помагаат семејството и пријателите, не трошиме ни сега којзнае колку пари. Живееме тешко, ама весело, ама внимавајте, кога се ќе се расветли се ќе доведам нов дух на овие простори, во оваа Хрватска. Не можам да речам дека се радувам тоа што го направив, до каде стигнав и како растурив една криминална организација – рекол Тодориќ кој со семејството сеуште живее во Кулмеровиот дворец во Загреб, кој за време не неговиот престој во Лондон се издавал за венчавки, прес конференции…
Тодориќ исто така додал дека неговот семејство трпи притисок околу расветлување на случајот “Агракор“ чие обвинение сеуште тапка во место.