Научникот од Србија и докторант на биомедицински науки која работи и се образува во САД, Исидора Станковиќ, на својот Фејсбук објави резултати од важно научно откритие. Станува збор за истражување кое покажува како коронавирусот го напаѓа нашиот организам, а Станковиќ порача и нешто што нема да ви се допадне: вели дека е многу тешко да се направат лекови за овој вирус, и дека ќе мора да се навикнеме да носиме маски и да држиме дистанца!
Таа истакнува уште една важна работа – дека овој вирус, вели не можел да настане во лабораторија, а еве и зошто, објаснува таа во својата објава на Фејсбук:
“Само што излезе (според мое мислење) најзначајниот труд кој ни објаснува како ковид-19 ефективно го инфицира човекот. Резултатите се неверојатни:
Примарниот начин на кој нашиот имунолошки систем детектира туѓо тело се протеините интерферони. Кога вирус го инфицира нашиот организам, интерферони се создаваат и како полицаец му сигнализираат на нашиот имунолошки систем да ги активира останатите одбранбени механизми. Истражувањата покажале дека најтешките случаи на коронавирус се карактеризираат со целосно губење на интерферони и од таму неможност на имунолошкиот систем да реагира.
Протеините се основна единица на нашите клетки – сите протеини во нашиот организам ( па и интерферони) настануваат од нашиот РНК кој настанува со конверзија на нашата ДНК. Вирусите одамна ја напаѓаат нашата РНК во текот на инфекциите на разни начини: полиовирусите ја спречуваат транслацијата на нашата РНК во протеини, цитромегаловирусите спречуваат пренос на нашите протеини низ клетките, вирусот на грип (инфлуенца) спречува клучни модификации на РНК. Сите овие вирусни стратегии се познати и за нив постојат помалку или повеќе успешни терапии кои ги таргетираат овие функции.
По што ковид-19 се разликува? Па, за разлика од останатите, кои имаат еден начин на кој го таргетираат создавањето на протеини… ковид има 3 начини истовремено да ги уништи нашите протеини, т.е. во овој случаи нашите интерферони. Ова истражување од Калтеч (Caltech) покажува дека ковид-19 спречува синтеза на интерферонот, полицаецот на нашиот имунитетен систем, така што спречува и модификации на РНК и транслација на РНК во протеини и пренос на протеините низ клетките истовремено. Ова резултира со губење на интерферон и на крајот придонесува кон тоа нашиот имунитетен систем да не знае дека вирусот во организмот не може да одговори.
Што ова просто значи? Лаички кажано, повеќето вируси го таргетираат нашиот имунолошки систем со стратегијата А, Б или Ц, што го олеснува правењето терапии притив нив – ковид користи повеќе од 3 стратегии истовремено, поради што правењето на антивирални лекови за превенција на инфекциите ќе биде многу отежнато ( речиси невозможно?). Како некој која ја изучува РНК, ова е потполно фасцинантно откритие… речиси и немам видено попаметен вирус. Ова и апсолутно докажува дека вирусот е производ на еволуција, а не е направен во лабораторија – никаква технологија за модификување на РНК не би можела да ги произведе овие 3 резултати истовремено.
П.С. Што значи ова бр. 2: Навикнете се на маски и дистанца“, објави Исидора Станковиќ на својот Фејсбук профил.