Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, гостуваше на РТС во емисија во која одговараше на прашања од политичкиот спектар, но наиде на критики од јавноста откако на интернет се појавија снимки од она што тој го кажува пред почетокот на емисијата.
Додик, во моментите пред да биде во етер, го навредуваше српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и неговото семејство.
„Овие Ѓоковиќ се тешки ептен, пи*ку матер. Нашите луѓе целиот настан го истуркаа на емоции, но кога ќе влезеш во бизнис со нив, тешка циганија. И нивните соработници, ужас. Ни се базиравме на Новак, а тој загуби уште во четвртфиналето. Страшно“, прокоментира Додик додека чекаше вклучување во живо.