Едно лице е повредено откако патничко моторно возило „југо“ излета во реката Луда Мара во кавадаречкото село Ваташа, во близина на спомен куќата на народниот херој Страшо Пинџур.
Од итната медицинска помош потврдија дека едно лице е пренесено во кавадаречката болница со повреди на главата. Следуваат дополнителни испитувања за неговата здравствена состојба.
Екипи на кавадаречката полиција вршат увид на местото на незгодата.