906
Седум лица на возраст од 17 до 38 години се повредени во тешката сообраќајна незгода што се случи ноќеска на патот од Тетово кон Брвеница. Сообраќајката се случила при судир на две возила „бмв“ и „голф“ околу 23 часот
Во голфот биле четири лица од кои тројца се тешко повредени и однесени на лекување во скопските клиники, додека еден е задржан во тетовската болница. Во „бмв“ имало три лица, а во сообраќајката тешко повреден е возачот кој исто така е однесен на скопксите клиники. Едниот сопатник е задржан на лекување во тетовската клиничка болница, а другиот по укажаната лекарска помош пуштен е на домашно лекување, информираат од СВР Тетово.
Во текот на ноќта е извршен увид и со цел да се открие како се случила сообраќајката.
