Во тешката сообраќајна несреќа која се случи синоќа на скопската улица Првомајска, загинаа две млади машки лица. Едното дваесет годишно загинато момче е С.Ш од село Батинци, а додека другото е на возраст од 29 години од Драчево. Момчињата биле починати и пред да пристигнат екипите на итната помош.
Несреќата се случила во близина на салонот за мебел на „Мебел-Ви“ во правец кон населбата Драчево, а според информациите во медиумите, момчињата биле сами во автомобилите „пежо” и „голф 5”.
Според неофицијални информации се работи за неприлагодена брзина над 160 километри на час. Глетката била страотна, а морала да интервенира и Брзата помош, откако неколку роднини на загинатите изгубиле свест.