Тешка сообраќајна несреќа се случила утринава во скопско Влае, под преминот „Влајко“, во непосредна близина на бензиската пумпа „Макпетрол“. Како што може да се види од фотографиите, во сообраќајката учествувале две возила, од кои едното е речиси пресечено на половина, најверојатно од силината на ударот.
Засега нема информации колку лица се повредени и дали се во животозагрозувачка состојба.
Целиот сообраќај од овој дел на булеварот „Партизански одреди“ се пренасочува пред училиштето „Димо Хаџи Димов“, па на улицата „Адолф Циборовски“.
Повеќе детали се очекуваат од МВР во текот на денот.