Во тешка сообраќајна несреќа на патниот правец Ресен-Охрид, кај местото викано Претнов Мост, повредено е бебе на возраст од една и пол година и жена, дознава ТВ21.
Се уште нема точни информации како дошло до несреќата, но жителите од селото Куратица кое е во близина велат дека често фрекфенцијата на сообраќај на овој патен правец е голема и бараат од надлежните преземање на соодветни мерки за исклучување од главниот пат кон нивното село.
Според неофицијални информации, бебето се здобило со скршеница и заедно со жената со возило на Брзата помош се префрлени во болница.