– Ова говедо денеска во 19,30 часот во влезот на зградата каде што живеат преку 300 лица каршија Спортски центар прска со непозната супстанца на вратата и бега. Пријавен е у полиција и доколку некој го препознае слободно да ме контактира. Ѓубре едно кој знае со што прскал и од кој мотиви загрозува 300 станара (64 стана) споделувајте,- напишал еден од вознемирените станари на зградата на својот Фејсбук-профил.
Станарите од споменатата зграда по сомнителната „акција“ на анонимниот маж морале со средство за дезинфекција да ја чистат вратата, а велат дека ова го направил и претходно и дека живеат во страв затоа што ниту знаат со што прска ниту зошто го прави тоа.
Инаку, видеото е снимено од безбедносната камера на влезот во зградата.