Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров објави денес дека е позитивен на Ковид-19.
„Се подготвував за посета на Луксембург, ама тестот покажа дека јас веќе сум имал опасен ‘гостин’.
Нека продолжи да вирее без да го забележувам многу и побрзо да го снема.
Чувајте се луѓе, да сте здрави и живи сите!“, напиша тој на Фејсбук профилот.