Само една доза коктел со антитела го намалува ризикот од инфекција со Ковид-19 за 81,6 отсто во два до осум месеци по терапијата, соопшти Regeneron Pharmaceuticals Inc.
„Резултатите покажаа дека терапијата со антитела, REGEN-COV, има потенцијал да обезбеди долгорочен имунитет од инфекција со Ковид-19“, рече Мајрон Коен, кој се занимава со терапија со антитела во рамките на мрежата за превенција од Ковид-19 на Американскиот национален институт за здравје.
Ваквиот имунитет е особено важен за лицата со ослабен имунитет и оние кои не реагираат на вакцините, велат од компанијата, пренесува Ројтерс.
Терапијата претходно покажа намалување на ризикот од 81,4% во текот на првиот месец по администрацијата, додека во текот на осуммесечниот период на проценка, оние кои примиле REGEN-COV немале хоспитализации поради ковид 19, додека 6 случаи биле пријавени во плацебо групата.
REGEN-COV беше одобрен во САД во ноември минатата година за лекување на лица со поблага клиничка слика, но во јули беше дозволено да се користи и како превентивен третман за луѓето кои се повеќе изложени на инфекција.