Шокантно видео на кое се гледа како невеста во венчаница се тркала по тревата и калта и се бори со гостин започна да се шири на Интернет.
Видеото е направено во градот Свонси во Велс, и покажува невеста која напаѓа човек и го соборува на земја и се бори со него.
Не е откриено што се случило и како се случила расправијата и тепачката, но во позадина се слуша некој како вели дека е повикана полиција.
Исто така, на снимката се гледа друга жена облечена во бело, како лежи неподвижно на асфалтот.
Таа е во несвест, не е мртва. Станува збор за пријателка на невестата која се опила и заспала. Многу луѓе кои беа поканети на венчавката не сакаа да дојдат затоа што очекуваа вакво нешто, напишало лицето кое ја споделило снимката на Reddit.