Во супермаркет на познатиот ланец Лидл кој со години работи во Србија, денеска во Борча настана тотален хаос и невидена тепачка на постари муштерии.
Туркање и општа тепачка избија поради пониската цена на ќебапи. На социјалните мрежи се појави и снимка од тепачката на пензионерите, а на неа се гледа како една постара жена се обидува да земе пакет ќебапи додека во исто време ги спречува другите да земат.
Поради промотивната цена се собраа голем број повозрасни граѓани, која предизвика тотален хаос. Не се гледа кој што и колку пакети зема, луѓето викаат, се туркаат, а споменатата жена во еден момент дури со горниот дел од телото „влегла“ во фрижидерот за да ги одбрани пакувањата што сакала да ги земе пишуваат српските медиуми..
Промотивната цена на ќебапите завршува денеска, а цената за килограм е 319,99 динари. Акцијата започна во четвртокот на 23 март, а завршува денеска, поради што настана гужва и тепачка.