Полицијата ја уапси Американката Вивиана Квинонез (28) за физички напад врз стјуардеса на летот од Сакраменто за Сан Диего.
Според изјавите на очевидците, физичкиот напад од страна на Вивиен врз вработената во „Саутвест ерлајнс“ се случил откако стјуардесата повеќепати ја замолила правилно да ја носи маската, односно преку носот и устата, како и сите други патници, и да се придржува до правилата во авионот.
Квинонез цело време се правела дека не слуша, ги игнорирала опомените, а кога стјуардесата веќе го изгубила трпението и го кренала гласот, патничката ѝ возвратила со тупаници в лице. Притоа ѝ скршила два заба.
Понатамошниот физички напад го спречил друг патник, кој 28-годишната патничка ја упатил кон своето место.
Целиот напад го снимила 57-годишната Мишел Манер, која се враќала од одмор.
– Пет минути пред пресметката дошло до конфликт. Забележав врескање од двете страни. Тие се расправаа за правилното носење на маската – рекла таа, додавајќи дека во текот на нападот веќе ѝ била вклучена камерата.
Кога авионот слетал во Сан Диего, патниците морале да останат на своите места се до доаѓањето на полицијата, која извршила испрашување и приведување на Вивијан Кинонес.