На летот Приштинa-Базел вчера дошло до тепачна во авионот. Повозрасен маж се пресметувал со неколкумина патници и луто коментирал на албански јазик. Патникот ги тепал се додека посадата на авионот не го совладале.
Но и тоа не му било малку, па тепечката ја продолжиле и по слетувањето на аеродромот по што бил уапсен од швајцарските власти.
Аеродромската полиција ја потврди веста за тепачката, пренесува швајцарскиот портал Кантон 27.
Според порталот, крвавата тепачка продолжила и по слетувањето на аеродромот во Базел. Заради физичката пресметка уапсени се двајца мажи.