Двајца бизнисмени вчера се степаа во авионот на „Монтенегро ерлајнс“, пред летот кој требал да тргне од Белград за Подгорица, пренесува порталот „Вијести“.
Двајца бизнисмени започнале физичка пресметка во бизнис-класата на авионот на црногорската национална авиокомпанија.
По размената на удари, според информациите, целиот персонал се обидел да ги раздвои двете лица. Откако страстите се смириле, едниот човек останал во едниот дел на авионот, додека другиот бил префрлен во друг дел.
Еден од изворите на „Вијести“ рече дека дел од патниците очекувале тие да бидат отстранети од авионот, но тоа не се случило.
Едниот бизнисмен вели дека полицијата не дошла поради тоа што „ако тоа се случело, авионот не би полетал на време“.