Откако вчера многу светски медиуми објавија за инцидентот на летот на американската авиокомпанија Делта Ер Лајнс, во кој една патничка нападнала патник затоа што не носел маска додека јадел, сега е откриен идентитетот на патничката.
Станува збор за Патриша Корнвол, позната и како Пети Бретон, поранешна зајачица на Плејбој и актерка, најпозната по улогата во телевизиската серија Baywatch.
Инцидентот се случил на 23 декември, а жената наводно тепала и плукала 80-годишен патник. На видеото кое се прошири на социјалните мрежи се гледа како таа му наредува на мажот да стави маска на лицето, додека таа самата не ја носи за време на инцидентот.
„Стави ја **аната маска“, му вика на мажот, кој одговорил дека не мора да носи маска затоа што јаде, а потоа го навредува.
Delta flight from Tampa to Atlanta got crazy‼️ pic.twitter.com/I9BZUKv3LB
— ATL Uncensored | Atlanta News (@ATLUncensored) December 25, 2021
Корнвол подоцна била уапсена на аеродромот во Атланта, а потоа ослободена со кауција од 20.000 долари. Засега не се знае дали ќе биде обвинета, пренесува The Sun.
„Летот од Тампа до Атланта беше пречекан од полицијата по пријава за вознемирување на патници за време на летот. Ваквите ситуации се многу ретки за огромното мнозинство од нашите патници, а Делта нема толеранција за непослушно однесување на нашите аеродроми и нашите авиони.“, изјавил портпаролот на авиокомпанијата за New York Post.
Корнвол и минатиот месец имала проблеми со полицијата, кога била уапсена поради возење под дејство на алкохол.