На многумина им се познати контроверзните забави на програмерската елита кои се организираат во вили и палати на плажата околу Силиконската долина. На една од забавите присуствувал Илон Маск, кој подоцна изјавил дека се работи за „досаден и корпоративен настан, без секс и голотија“.
Како што напиша Том Ленард за Дејли Меил, можно е Маск да поминал повеќе време во кујната затоа што една млада жена, која работела во технолошката индустрија и присуствувала на истата забава како него, рекла дека налетала на двата пара на подот од дневната соба покриени со бело вештачко крзно и перници. Неколку луѓе веќе почнаа да се галат, рече таа, кога ѝ го понудиле прашокот за екстази во кесичка.
„Тие рекоа дека тоа ќе направи да се чувствувам поопуштено и дека тогаш ќе ми годи да ме допираат“, се сеќава таа, додавајќи дека после тоа еден претприемач побарал да ја бакне.
“Беше толку чудно кога неговата сопруга стоеше до него и ме охрабруваше. Кога побегнав, тој продолжи да ме брка. Ваквите настани беа “злоупотреба на моќта”, изјави неименуваната жена на писателката Емили Чанг, чија шокантна книга „Бротопија“ од 2018 година ја откри „мистериозната, темна, и безобразна страна на Силиконската долина“.
Друг гостин на истата забава, Пол Бигар, подоцна изјавил дека секс забавата била „многу полоша отколку што звучи“.
„Бевме предупредени пред да дојдеме на забавата да не се плашиме поради работите што ќе ги видиме таму. Фотографирањето не беше дозволено и секако не смеевме никому да кажеме што видовме“, се сеќава Бигар.
Кога го прашале Илон Маск за тој настан, тој рекол дека ништо лошо не се случило.
„Ако има „секс-забави“ во Силиконската долина, не сум ги видел или слушнал за нив.
Не им верува ниту на изјавите на жената која била сведок на милување и галење на каучот под дејство на дрога.
„Гиковите на кауч не се материјал за галење“, рече тој.
„Многу богаташи во Силиконската долина имаат една заедничка работа – тие биле осамени во адолесценцијата и лишени од контакт со спротивниот пол“, напишала Чанг во својата книга.
Жените од ИТ индустријата кои зборувале за своите искуства не можат да го сокријат невкусот кон овие мажи, кои се убедени дека нивното огромно богатство сега ги прави неодоливи за жените кои не ги ни погледнале со години.
Неименуван директор на Силиконската долина му рекол на Чанг дека неговите врсници сега се толку богати, а нивните производи толку познати што „момците кои не можеле да добијат девојка во средно училиште“ сега можат да ги третираат жените како што сакаат и не сакаат да практикуваат моногамија.
Интересно е тоа што некои од мажите кои се впуштаат во светот на оргијата и дрогата на Силиконската долина тврдат дека тие се всушност жртви на жени кои ги сакаат своите пари. Нивните критичари возвраќаат дека ова е само изговор за нивното предаторско однесување.