Личниот телохранител на Тејлор Свифт се врати дома во Израел за да се бори против Хамас, јавуваат медиумите.
Неименуваниот чувар, кој наводно бил член на израелските одбранбени сили (ИДФ) пред да дојде во САД, се вратил во својата татковина бидејќи „не можел да стои додека семејства се колат и живи се запалени во нивните домови“, пренесува Еран Свиса од израелската новинска агенција Israel Hayom.
Преку тој медиум телохранителот ги повикал другите „да не стојат на страна и да не прават ништо“. „Не бидете на погрешната страна на историјата“, рече тој.
Инаку, станува збор за телохранител кој стана вирален хит пред неколку месеци кога се појави видео на кое се гледа како крајно детално ја проверува публиката на концертот на Тејлор Свифт за да ја заштити пејачката.