Еден од телохранителите на Роналдо имаше сообраќајка откако изгубил контрола над возилото и завршил во ѕид. Во несреќата никој не е повреден, но настаната е материјална штета.
Оштетен е скап автомобил од 2 милиони евра, Bugatti Veyron Grand Sport Vitesse. Според пишувањето на Daily Mail, телохранителот го продолжил патувањето во Мајорка во конвој, а еден од вработените на славниот фудбалер е оставен да ја почека полицијата.
Автомобилот по увидот бил отстранет од местото на несреќата.
Уште не е познато кој го возел автомобилот, се претпоставува дека станува збор за еден од телохранителите Серхио и Хорхе Рамалхеиро кои по служењето во специјални единци во Авганистан се вработиле како лични телохранители на Кристијано Роналдо.
Да потсетиме, Veyron 16.4 Grand Sport Vitesse е роудстер верзија базирана на Super Sport, а се придвижува од моќен W16 мотор со 1.200 КС. Тој остана запаметен како најбрзиот и најсилниот родстер во светот.
Роналдо е познат по својата богата колекција на автомобили во која посебно место имаат автомобилите на Бугати. Некогаш се споменуваше дека Роналдо е купувач на Bugatti La Voiture Noire, најскапиот нов автомобил на светот.