Младата Бразилка, Лариса Бланко која деновиве ги роди близнаците Гиермо и Густаво во болницата во Сао Паоло, почина веднаш потоа откако претрпела крварење кое нејзиното тело разорено од коронавирусот не можело да го издржи.
Нејзиниот 24-годишен сопруг Диего Родригез изјавил за тамошните медиуму дека на 12 јуни било откриено дека е позитивна на коронавирусот, а на крајот на јуни, по влошувањето на состојбата, била префрлена во болница.
„Бев во опрециската сала кога се роди првото бебе. Лариса го виде тоа прекрасно мало лице и бев навистина пресреќен зашто тоа беше нејзин сон. Второто дете се родило по мала компликација. Кога утрото дојдов во болницата, лекарите ми рекоа дека имала крварење, а потоа и срцев удар, па починала. Телото не успеало да се избори“, раскажува тажниот татко кој исто така тој бил позитивен на Ковид-19, но му било дозволено да остане во близина на своите близнаци во болницата додека не ги отпуштат.