Природната убавина на холивудската актерка повторно привлекла внимание на црвениот килим. Марго Роби изгледала величествено на годинешната ревија на „Шанел“ и се издвоила од другите ѕвезди со својот оригинален стајлинг.
На себе носела црно бикини што го надополнила со необичен метален елек. Облекла долги, тексас, широка панталони со висок струк, а со нив искомбинирала црна штепувана чанта „Шанел“. Нејзината долга платинеста коса била стилизирана со големи кадрици, додека шминката ѝ била едноставна, што ја нагласило природната убавина на оваа актерка.
За потребите на снимањето на нејзиниот нов филм „Барби“, Марго практикувала интензивни тренинзи и редукции во исхраната, а резултатите се повеќе од очигледни. За „Барби диетата“ неодамна зборувала во интервју за British Women Health. Основното правило на ваквата исхрана е многу малку јаглехидрати и одбегнување благо.
„Мојот појадок обично се состои од овесни снегулки и шејк за јакнење на имунитетот. За ручек јадам пилешка салата, за вечера парче туна и сладок компир. Преку ден пијам чај, со кој се опседнав откако живеам во Велика Британија“, изјавила Марго.
Марго важи за една од најдобро облечените дами меѓу актерките. Нејзиниот стил навистина е беспрекорен, како на јавните настани така и во приватниот живот.