Koвчегот со телото на Бора Ѓорѓевиќ пристигна во Чачак. Градот се подотвува за погребот на својот најпознат жител. Бора ќе биде погребан на градските гробишта на гробното место кое самиот си го избрал.
Испраќањето ќе биде утре во 14 и 30.
Како што неофицијално дознаваат српските медиуми, важна улога за време на испраќањето на Бора Чорба на Градските гробишта во Чачак ќе има хорот на гимназијата во градот, кој за време на погребот на легендарниот музичар ќе ја отпее рокенрол химната „Погледај дом свој, анѓеле“